Непознат сторител подметнал пожар во тоалет во затворот Идризово

Завчера нешто по 23 часот во затворот во Идризово, во купатилото во Старото училиште, непознат сторител го запалил таванскиот дел од една од бањите.

Пожарот бил забележан од една од надзорните кули, по што веднаш била повикана противпожарната служба, која веднаш се справила со огнените јазици.

Предизвикана е штета од 150.000 денари, а опожарена е делумно и покривната конструкција.

 

ФОТО: Сител

најчитано сега