ВМРО-ДПМНЕ: Преговорите прекинати затоа што СДСМ сака цензура во медиумите

Преговорите се прекинати единствено поради една работа: несогласувањето на СДСМ во делот на медиумите да се гарантира дека нема да се воведува цензура, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на владејачката партија

ВМРО-ДПМНЕ денеска предложи експлицитно да се поддржи ставот дека ниту новинар, ниту медиум нема да може да биде казнет за искажан став или мислење. Став кој е основен постулат и основен принцип во кодексот на новинарите каде слободата на медиумите е неприкосновено право. Во 21 век во Европа СДСМ е единствената политичка партија која се противи на овие принципи.

Ниедна лага и манипулација на Петре Шилегов нема да го оттргне срамот од СДСМ кој беше извлечен на чистина и практично покажа дека нивната крајна намера е воведување на цензорска контрола врз медиумите.

Во однос на бројките поврзани со Избирачкиот список, Петре Шилегов е заразен од вирусот на неговиот лидер, аболицираниот криминалец Зоран Заев. Вчера неговата шефица Радмила Шекеринска лицитираше со други бројки кои ги потврдија лагите што во континуитет ги искажуваше СДСМ.

Според математиките на Шекеринска требаше околу 170 000 гласачи да бидат обележани со ѕвездичка, а околу 40 000 активно да се регистрираат. Најголемиот дел од овие гласачи се од шестата изборна единица каде што ВМРО-ДПМНЕ освои само четири пратеници. Ова беше најјасна потврда досега дека СДСМ лажно обвинувал и ја манипулирал јавноста тврдејќи дека биле жртви на изборни нерегуларности.

ВМРО-ДПМНЕ го поздрави ова признание на СДСМ за сите изречени лаги и се согласи дека ова е добар прв чекор кон враќање на довербата во избирачкиот список.

Колку и да се обидуваат СДСМ и Заев да бегаат од соочување со народот на избори, просторот за маневри е се помал. Како што се намалува просторот за маневри, така се зголемуваат лагите искажани од Петре Шилегов.

 
 
16.06.2016 - 17:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега