ВМРО-ДПМНЕ: Судот потклекна на безкруполозниот и отворен притисок на СДСМ

Судот потклекна на безкруполозниот и отворен притисок на СДСМ кој нема никаква врска со правдата и почитувањето на законите, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Само неколку часа, откако СДСМ се закани, и најави лични тужби против новинарите, Кривичниот суд ја измени сопствената одлука, и наместо обезбедување на присуство, изрече мерка притвор. Оваа одлука не е базирана, на закони и факти, туку е одлука донесена под жесток политички притисок и нема никаква врска со реалната состојба. Сето ова единствено е поврзано со политичките игри на СДСМ и додворувањата на судството кое одсекогаш е мета и посакувана цел на СДСМ, но кога не им успева додворувањето и партиското лобирање почнуваат со заканите и притисоците. Илузорно е да се смета дека Владимир Талевски ќе ја напушти државата, и ќе се даде во бегство, нешто за што непостои никаква индиција ниту здраворазумски факт. Ваквата одлука на Кривичниот суд има политичка намена, за кохетирање во јавноста од страна на СДСМ во отсуство на реални резултати и виситински дебакл на нивните антидржавни политики. Целокупното работење на градоначалникот Талевски е базирано врз дословно  спроведување на законот за јавни набавки.Ова е уште една срамна епизода од работењето и дејствувањето на СДСМ, стои во реакцијата на владејачката партија.

 
 
16.06.2016 - 19:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега