СДСМ не сака избори туку власт без избори

СДСМ бара избори а моли Бога да не ги добие.

Извори од меѓупартиските преговори за Press24 велат дека опозицијата барала да влезе во Владата 6 месеци пред изборите со што падна во вода барањето на Заев, соочувањето со граѓаните да се одржи во септември или октомври бидејќи до тогаш има не повеќе од 4 месеци.

Нашиот соговорник вели дека и во дипломатските кругови уште одамна станало јасно дека, зборот на СДСМ држи неколку дена во најдобар случај а неретко се случува ставовите на Бихаќка дијаметрално да се сменат во само неколку часа.

Експертите предупредија дека на СДСМ не треба да му се верува бидејќи шансите опозицијата до крајот на годинава да излезе на избори се еднакви на нула а под знак прашалник е дали Заев воопшто ќе се појави пред граѓаните и во текот на идната година.

Според нив целта на СДСМ е да добие некое министерско место и да ги вдоми партиските кадри, а кога ќе дојде датумот за избори секогаш ќе имаат изговор зошто да не учествуваат на нив.

Причина за тоа, велат експертите е слабиот рејтинг кој од ден во ден е се понизок, а во такви услови на следниот изборен пораз повеќе од извесно е дека ги чека реприза на изборите од 2014та. Очајната поддршка се должи на деструктивната политика и уништувањети на јавното добро за партиски профит. Причина плус е немањето чувство на никаква одговорност што се докажа вчера кога десетина платеници на СДСМ и СОРОС беа подготвени да го пуштат пациентот да умре за да ги реализираат задачите добиени од Бихаќка и не го пропуштаа возилото на Брза Помош. Сепак за експертите се чини дека клучно за катастрофата кој му се случува на СДСМ е крајното лицемерие кое го продава раководството. Мултимилионери зборуваат за сиромаштија, аболицирани политичари зборуваат за чесност а автократи за демократија.

Партијата која декларативно се залага за слобода на медиумите бара воведување на цензура и информативните емисии да се уредуваат од Бихаќка. Станува збор за истата партија чиј лидер јавно изјави дека медиумите му се најголеми политички непријатели. Истовремено СДСМ призна дека нема фантоми во избирачкиот список иако со месеци обвинуваше дека им биле украдени неверојатни 200.000 гласа на избори.

 
 
17.06.2016 - 11:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа