Груевски: Владините роуд-шоуа даваат резултати

Денеска како и секој последен четврток во месецот во македонското Собрание има пратенички прашања. Денеска премиерот Груевски одговарајќи на нив, истакна дека економските презентации што ги прави Владата за привлекување странски инвестиции се исправен чекор, од кој резултатите доаѓаат и ќе доаѓаат и понатаму не само како инвестиција туку и во намалување на стапката на невработеност.

- Резултатите од ваквите презентации доаѓаат најрано за година, година и пол, а во многу случаи за две, три, четири и пет години. Уверен сум дека она што сега го правиме ќе даде одреден резулат во наредниот период, а самите презентации се само една од фазите на обид за привлекување инвеститори. Ние подоцна остануваме во контакт со нив и со сите средства, начини, инструменти се обидуваме да убедиме некој да дојде да инвестира во Македонија и тоа дава резултати, а тоа се гледа и од многу компаниии што дојдоа во овој период во Македонија и направија огромни инвестиции како што се Џонсон мети, кои изградија една фабрика и задоволни од условите веќе градат втора фабрика, Џонсон контрол кој, исто така, гради втора фабрика, потоа Ван хул, Дракслермаер, Кромберт и Шуберт..., рече премиерот и додаде дека голем дел од инвеститорите посочувале дека токмува ваквиот пристап им бил клучен момент за да донесат одлука да инвестираат во Македонија.

Оцени дека вклучувањето на сите институции за привлекување инвестиции е добро организирана акција во едно тешко време на европска должничка криза и намалено ниво на инвестиции.

- Седењето во земјата и чекањето тие сами да дојдат воопшто не е алтернатива. И тоа го видовме во време кога СДСМ беше на власт и ги видовиме и резултатите во тоа време, а резултатите кажуваат дека немаше некоја позначајна инвестиција освен ако не гледаме приграбување на некој монопол. Така што само на ваков начин со пораки, презентирање на она што го нуди Македонија и директно на терен со одење на роуд шоута и користејќи ги меѓународните медиуми една мала држава како Македонија може да го најде своето место под сонцето во смисла на привлекување на повеќе инвестиции, истакна премиерот Никола Груевски.

ФОТО: Дневник

најчитано сега