ОБСЕ: Чуството за единство мора да биде во нас во секое време

Скопје во 1963 година беше погоден од голем земјотрес, во кој загинаа повеќе од илјада луѓе и кој уништи и оштети осумдесет проценти од зградите. Солидарноста која беше демонстрирана во тие тешки времиња треба да послужи како инспирација за иднината, се вели во соопштението од вршителот на должност шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорката Маријан Берец по повод одбележува 50- годишнината од катастрофата. 

- Денеска е тешко да се замисли како Скопје изгледало по разурнувањето. Сепак, покрај трагичните загуби со кои се соочија многу семејства и тешките услови во кои се наоѓаа, граѓаните брзо почнаа да ги средуваат своите животи. Скопје се врати неверојатно брзо, претворајќи се во жив и динамичен главен град. Брзата меѓународна хуманитарна помош која ја понудија 87 земји во форма на финансиски средства, намирници и човечки ресурси помогнаа Скопје да се издигне од урнатините. Градот стана познат како Град на меѓународната солидарност, вели амбасадорката Берец.

- Преживеаните сè уште се сеќаваат дека по кратката почетна паника секој без двоумење почна да им помага на пријателите, соседите и непознатите кои имаа потреба. Ова единство, ова чувство за заедничка цел која ги обедини луѓето, мора да биде со нас во секое време, вели амбасадорката Беренц.

ФОТО: Дневник

најчитано сега