ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го губи тлото - испрати платеници да провоцираат

СДСМ е во очај и го губи тлото под нозе. СДСМ гледа дека граѓаните не ја поддржуваат нивната деструктивна политика. Со палењето, ограбувањето и уништувањето на јавниот имот СДСМ го допре дното, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Нападите и навредите врз полицијата и недолжните граѓани кои им се најдоа на патот само го покажаа вистинското лице на СДСМ и платениците кои протестираат.

Само платениците останаа да ја бранат честа на СДСМ. СДСМ е преплашен сам да каже што мисли. Затоа неколку  платеници беа испратени денеска да провоцираат.

Платениците на СДСМ очекуваа да предизвикаат инцидент на роденденот на ВМРО-ДПМНЕ за да покажат дека ВМРО-ДПМНЕ е на исто ниво како и нивните нарачатели.

Зоран Заев е аболиран криминалец кој покажа дека нема храброст сам да ги изврши своите деструктивни идеи. Зоран Заев знае дека во оваа држава има граѓани кои нема да му го дозволат тоа и има институции кои нема да потпаднат на неговите притисоци.

Интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ…

 
 
20.06.2016 - 02:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега