Димовски до СДСМ: Парите кои ги добивате од трговија со оружје, ви ги даваат за да ја рушите државата!

„Колега Васко, некој ќе дозволи ти да кажуваш кој ќе биде во затвор кој ќе биде на слобода, надевај се! Значи, ако си играте обвинителство немој да мислите дека овој народ ќе седи и немо ќе ве гледа како правите насилство во државата. Да се разбереме, во нормална демократија човек како вас кој што од позиција на претседател на општинска организација на СДСМ изгубил неколку избори нема да дојде во Собрание, туку ќе си седи во Битола, поради тоа што тогаш кога сте требале да добиете поддршка од граѓаните не сте ја добиле, но и кога сте биле кандидат за пратеник од нашите двајца кандидати сте изгубиле со огромна разлика. Кога ќе ги сретнете во ходник, треба добар ден да им речете, заради тоа што дупло ве победија“, со овие зборови координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски ја започна својата реплика кон пратеникот од СДСМ Васко Ковачевски. 

Илија Димовски во продолжение истакна дека СДСМ и понатаму продолжува со насилство и постојано, без никаков срам го навредува и омаловажува македонскиот народ само поради тоа што не мисли како СДСМ или не се согласува со нивната деструктивна политика, а од друга страна како што рече Димовски, неколкуте стотина активисти на СОРОС, СДСМ ги нарекува народ.

„Наместо да научите, вие продолжувате со насилството. Си дозволувате народот кој што не е со вас да го навредувате, да го омаловажувате, да го нарекувате стока, да не му го вреднувате правото на глас, а оние неколку стотини луѓе кои што ги имаше по медиумите од прв до последен дека добивале пари за да одат на протести, тие биле народ. Смешно! Преку сто луѓе по список месечно добиваат надокнада од СОРОС. Тие биле народ?!“, потенцираше Илија Димовски.

Тој потоа додаде дека гланиот финансиер на СДСМ и нивните протести се финансирани со пари од трговија со оружје со цел да се уништи и руши сопствената држава односно да се смени името и да се спроведе федерализација.

 

„Па освен вашиот спонзор СОРОС, во Панама се најде ли некој друг документ? Каде е таа приказна од 5 милијарди? Парите со кои што вие се финансират, со кои што се финансираат вашите протести, се пари од трговија со оружје! Вас ви ги даваат за да ја рушите државата, за да се смени името, за да се направи федерализација на државата. Па тоа јавни ви го кажуваат! Со каков образ стоите вие во тој ред? Имаше пратеници од СДСМ кои што гласаа за територијална поделба на Македонија и предадоа два града, Кичево и Струга. Вас ќе ве доведат во ситуација да ја предадете целата држава“, додаде Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

 
 
20.06.2016 - 14:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега