Германец се обидел да шверцува мигранти на Табановце

Државјанин на Германија шверцувал мигранти од Пакистан, Гвинеја, Алжир и Брегот на Слоновата Коска, пренесе Утрински.

При редовна контрола на автопатот Куманово-Табановце во автомобил марка„форд галакси“ биле пронајдени осум илегални мигранти без документи за идентификација.

Германецот е уапсен, додека мигрантите од Пакистан, Гвинеја, Алжир и Брегот на Слоновата Коска се сместени во Центарот за странци.


најчитано сега