И покрај изјавата на СДСМ дека нема организиран превоз сепак носат луѓе од други градови да протестираат во Скопје

И покрај изјавата на СДСМ дека нема организиран превоз за демонстранти од други градови, сепак големи колони на автобуси од Куманово и од Велес беа видени на пат кон Скопје.

kumanovec

Дури и самите активисти признаваат дека со организација на општинските комитети допатувале во Скопје.

„Ние сме од Куманово, група со некаде од над 50 автобуси“, вели кумановецот кој со организирани автобуси на СДСМ пристигна во Скопје.

На прашањето како разбрале за протестот тој одговори:

„Преку Фесјбук, но имаме и контакт преку општински организации, си има контакти и многу порано се знаеше. Чекавме 18-ти да помине ултиматумот, затоа сега сме собрани како што знаете и сами во голем број“, рече кумановецот.

 
 
20.06.2016 - 22:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега