Демонстрантите на СДСМ покрај се што демолираа се обидоа да го урнат и споменикот на „Прометеј“

Во центарот на Скопје вечерва се одржа протест на поддржувачи на т.н „Шарена револуција“ организиран од ГА „Протестирам“, со учество на раководства и членови на опозициски партии.

Во тек на протестот дел од демонстрантите искршија прозорци на Министерството за правда, а фрлаа и балони со боја на фасадата.  Протестниот марш почна од пред зградата на СЈО, во знак на поддршка на неговата работа, и продолжи пред зградите на Владата и на Собранието, каде исто така беше фрлана боја и палени факели. На собирот пред собраниската зграда, демонстранти се обидоа да ја тргнат заштитата и да го урнат споменикот „Прометеј“ поставен во паркот „Жена борец“, по што интервенираше полицијата и местото беше заштитено со полициски кордон.

Пред учесниците на протестот, под мотото „Граѓаните дојдоа по правда“, се обратија претставници на „Протестирам“ и на опозициски партии. Беа повторени барањата содржани во ултиматумот што го поставија до власта, а кој истече на 18 овој месец, по што и уследи вечерашниот протест. Бараат иницијативата за Специјалното јавно обвинителство да се најде на дневниот ред на Уставниот суд, да престане, како што велат прогонот и приведувањето на демонстрантите,  да се формира специјално одделение во Судот, како и  да бидат дел од преговорите за надминување на политичката криза и да се формира преодна влада што ќе организира, како што наведуваат, слободни избори.

ГА „Протестирам“ почна да организира протести од 12 април кога беше донесена одлуката за аболиција од страна на претседателот на државата, а која подоцна беше повлечена.

 
 
20.06.2016 - 22:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега