Демонстрантите се обидоа да го урнат споменикот на „Прометеј“ (ВИДЕО)

Протестот започна пред зградата на Специјалното јавно обвинителство, по што продолжи и кон владата, кон Министерството за правда и кон Собранието.

Дел од т.н. шарени демонстранти вечерва се обидоа да го урнат споменикот на Прометеј во паркот спроти Собранието на Република Македонија. Брзата интервенција на полициските сили сепак ја спречи нивната намера.

Демонстрантите ја отстранија заштитата, и врзаа платна со кои се обидоа да го откорнат споменикот на „Прометеј“. 

Тензиите растат а и штетата со нив, дел од „шарените“ со камења и шишиња и врз удрија и врз Министерството за правда при што оштетија дел од прозорите на објектот. Демонстрантите исто така со транспортно возило носеа големи количини боја, складирана во буриња со која ја бојадисуваа зградата со компресори.

Извор: Телеграф

 

 
 
20.06.2016 - 22:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега