Обид за рушење на споменик, напад врз македонската полиција се само дел од вечерашниот срамен протест на СДСМ и СОРОС

Хаос, демолирање на Министерството за правда, обид за рушење на споменик, срамен напад врз македонската полиција. Ова е исходот од вечерашниот тензичен протест на хулиганите и вандалите предводени од СДСМ и платени од СОРОС  кои повторно удрија врз македонската држава.

Со брза интервенција на Единицата за брзи реакции беше спречен обидот да го урнат споменикот на Прометеј во паркот „Жена борец“ спроти Македонското собрание. Тоа е прв обид за посериозно уништување на спомениците кои се поставени во централното градско подрачје на Скопје.

Откако најпрво го демолираа Министерството за правда, маскирани хулигани почнаа со отстранување на штиците поставени на метална конструкција околу споменикот. Потоа се качија на него, истакнаа транспарент, со кој потоа го врзаа и се обидоа насилно со тегнење да го откорнат од лежиштето. Специјалната полициска единица, која до тогаш не преземаше мерки, бргу реагираше и направи кордон околу споменикот.

sarena-revolucija-20.6.16-2-740x416

Според присутните на терен, видливо било дека имало многу издрогирани и алкохолизирани членови на СДСМ и СОРОС кои дивееле и уништувале се сто им се нашло на патот. Најголемиот дел говореле дека не знаат зошто се дојдени во Скопје. Тие го поддржувале Заев и би го бранеле доколку треба кривично да одговара и да ги врати украдените 8 милиони евра, но не се согласуваат со уништувањето на јавни добра.

Откако се појавиле маскираните бандити и насилната толпа почнала да демолира, најголемиот дел од поддржувачите на СДСМ кои биле принудно донесени од другите градови одбиле да учествуваат во морбидното сценарио на Заев и се упатиле кон автобусите.

На снимките објавени од медиумите на СДСМ и СОРОС се гледа како организацискиот секретар на СДСМ го координира демолирањето на министерството за правда, а хулиганите земаат бекатон плочки од службеното партиско возило на СДСМ за да ги кршат прозорите.

 
 
20.06.2016 - 23:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега