Тодоров: Нема најави за лидерска средба

Министерот за здравство и шеф на преговарачкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ Никола Тодоров очекува набрзо да има напредок во преговорите меѓу четирите партии за целосно спроведување на Пржинскиот договор иако нема најави за нова лидерска средба.

- Засега нема најава за нова лидерска и не би требало да има се додека нема нешто опипливо. Јас и пред некој  ден кажав каде стои ВМРО-ДПМНЕ и каков е ставот на партијата во делот на избирачкиот список, така што очекувам дека многу брзо ќе има некаков напредок, изјави Тодоров, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на пунктот на Итната медицинска помош во скопско Глумово.

Прашан за коментар за вчерашните протести, Тодоров рече дека карактеристика за СДСМ станаа деструкцијата, вандализамот, уништувањето и теророт и казнувањето на сопствениот народ само затоа што не ги поддржува.

- Но многу брзо народот ќе дојде по своето. СДСМ треба да знае дека како се доближува  денот кога народот ќе си дојде по своето така ќе се зголемува лудилото и вандализмот во СДСМ. Но, како се зголемува тоа лудило и вандализам така ќе се зголемува и казната што народот ќе ја испорача кон нив, потенцира Тодоров. 

 
 
21.06.2016 - 13:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега