Груевски ќе биде кандидат за премиер кога и да се одржат наредните избори

Груевски останува кандидат за премиер на ВМРО-ДПМНЕ без разлика кога ќе се одржат следните парламентарни избори. Информацијата за Утрински ја потврдил Директорот на центарот за комуникации на најголемата македонска партија, Иво Котевски.

„Нема никакви промени, ниту, пак има причини за промена на одлуката што Извршниот и Централниот комитет на партијата ја донесоа кон средината на јануари, ден пред стапувањето на сила на оставката на Груевски од челното место во Владата“ – вели Котевски за Утрински.

Од партијата ги демантираат и шпекулациите кои се појавија во медиумите под уредувачка контрола на СДСМ, а финансирани од СОРОС дека Груевски се повлекува од лидерската позиција во партијата. Од таму додаваат дека актуелниот мандат на Груевски е до 2019 година и дека станува збор за манипулација на опозициските структури.

Со оглед на актуелното расположение на граѓаните, СДСМ го чека нов, убедлив пораз на наредните избори, што значи дека речи си извесно е дека токму Груевски ќе биде и новиот Премиер на Македонија.

 
 
22.06.2016 - 10:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега