Тешка сообраќајка: Загина 8 годишно дете пред Битола

8 годишно дете загинало во тешка сообраќајна несреќа која претпладнево, околу 11:45 часот се случила на регионалниот пат Битола-Будаково-Алинци кај место викано „Лозја", извести СВР Битола, пренесува телевизијата Тера.

Детето било во автомобил управуван од негов роднина, 26-годишниот (Ј.А). Обајцата се од селото Будаково. Автомобилот „опел вектра“ поради преголема брзина излетал од патот, преминувајќи ја спротивната лента, по што се превртел и застанал во тревата крај патот.

Со тешки телесни повреди 8 годишното дете е пренесено на Интерното одделение во битолската Клиничка болница, каде е пружена реанимација, но повредите сепак биле фатални.

најчитано сега