По фијаското на ултиматумот СОРОС бара СДСМ да го бојкотира Собранието

СОРОС преку т.н. „Шарена револуција“ бара од СДСМ да ги повлече своите пратеници од македонскиот законодавен дом.
Во „јавното обраќање“ кое платениците на СОРОС денеска го испратија до медиумите ги повикуваат пратениците да не работат во Собранието се додека Уставниот суд не се произнесел за уставноста на обвинителството на Јанева.
Покрај ова, СОРОС бара и нивни претставници да бидат вклучени во преговорите меѓу политичките партии

„Пратеници, за да покажете дека стоите во одбрана на правдата, суверенитетот на граѓаните и Уставот, од вас бараме да не учествувате во работата на Собранието се додека Уставниот суд не се произнесе за уставноста на Специјалното јавно обвинителство и се додека не се гарантира учество на претставници на граѓанскиот сектор во разговорите и преговорите за излез од политичката криза, во улога на набљудувачи, извествувачи за јавност и консултанти.“ – стои во барањето на платениците на СОРОС.

Барањето на т.н. Шарена револуција следи по дебалкот кој го доживеа на протестот во понеделникот, кога дивеењето на платениците на СОРОС и СДСМ беше наостро осудено од граѓаните и наиде на остри критики од сите страни, а дополнително ја вжешти и атмосферата во таборот на опозицијата, кој од ден во ден има се помала поддршка кај граѓаните.

 
 
22.06.2016 - 12:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега