ГРОМ: ИД и СДСМ се две политичко - воени групации кои уништуваат споменици на културата

Граѓанската опција за Македонија го осудува вандалското однесување на така наречената шарена револуција во која главна улога игра раководството на СДСМ и неговите членови, истакна лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски на денешната прес-конференција.

-Денес во светот постојат две политичко- воени групации кои уништуваат споменици на културата, тоа се припадниците на ИСИЛ во Исламската држава и СДСМ. Припадниците на ИД уништуваат споменици, па дури и древни градови во Сирија и во Ирак, а додека пак социјалдемократите се обидуваат овде кај нас, во Скопје и во Македонија да уништуваат споменици на културата. Во отсуство на креативност, идеи, но со силно чувство на немоќ да се освои власта на легитимен начин, СДСМ се фаќа за деструктивно однесување, поганење на спомениците и на јавните институции на РМ, рече Јакимовски и додаде дека токму со тоа оваа генерација на политичари и раководство на СДСМ се одвојува од нивните претходници.

-СДСМ некогаш важеше за државотворна партија, денес ова раководство СДСМ го претвора во детруктивна партија. Разурнувањето, сквернавењето, насилието, никогаш и не биле иманентни на СДСМ. Се прашуваат ли овие наводни следбеници на оваа идеја, што би рекол за ова нивно поведение човекот со партиска книшка број еден, покојниот Киро Глигоров. Човекот кој што сме сите подеднакво горди на него, кој што бликаше со скромност, кроткост, мудрост, со надалеку позната пацифистичка доктрина и познатите зборови: Направивме држава без да испукаме ниту еден куршум, потенцираше лидерот на ГРОМ.

И сега за жал, додаде Јакимовски, неговите наследници, сегашниот СДСМ, како што вели народот- облече руво кое ниту му прилега, ниту пак имаат плеќи да го носат и затоа ГРОМ ги повикува господата од СДСМ на трезвеност, да ги контролираат своите емоции зашто претење со насилие, консумирање на насилието, звецкање со оружје во услови кога погрешно ќе си ги пресметаат своите капацитети ќе биде погубно не само за СДСМ и за сите оние чесни граѓани кои ја поддржуваат нивната идеја, туку ќе биде погубна и за Македонија.

 
 
22.06.2016 - 15:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега