Груевски: Преку „Купи куќа за млади“ досега 13 семејства обезбедија кров на глава

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денес истакна дека преку проектите „Купи куќа, купи стан“ и „Купи куќа за млади“ над 900 семејства кои претходно немаа свој дом, обезбедија кров над глава.

-Досега се одобрени субвенции во износ од скоро 6 милиони евра за двата проекти, од кои за „Купи куќа за млади“ кој стартуваше неодамна и со кој за млади луѓе до 35 години се овозможува до две третини покривање на трошоците за градба или купување на куќа, досега се одобрени 261.000 евра – проект кој започна оваа година и досега 13 семејства го остварија својот сон, со огромна, неповторлива помош од владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ да дојдат до своја куќа, истакна Груевски.

 
 
25.06.2016 - 15:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега