ПОВЕЌЕДНЕВНА ПРОГНОЗА: Ќе попушти ли пеколот?
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне променливо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец.Температурата ќе се движе од 12 до 20 степени, а дневната највисока во интевал од 27 до 35 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне променливо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Температурата ќе се движи од 19 до 34 степени.
Во вторник во претпладневните часови времето ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне променливо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен северен ветер кој ќе предизвика опаѓање на дневните температури, особено во вторник. Од среда се очекува претежно стабилно време со постепен пораст на дневните температури.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа