Насилно ја соблекол и и се заканил со нож - монструм од Струмица се обидел да силува душевно болна девојка

Вчера околу 17 часот попладне се случувал вистински хорор во куќата на 38-годишниот монструм Џ.Ѓ. кој ја силувал 10 години помладата С.Ц. која е лице со заостанат душевен развој.

Монструмот ја сретнал несреќната девојка во продавницата во селото и ја замолил да дојде кај него дома за да му помогне да ја среди куќата, на што болната девојка се согласила. Откако влегле во куќата, струмичанецот ја затворил вратата и земал нож во раката со кој почнал да и се заканува по животот, доколку не се согласи со него да има сексуални односи. Насилно ја соблекол и ја допирал девојката во пределот на градите и телото, а потоа и самиот се соблекол и се обидел да има сексуални односи со истата, но таа давала отпор и викала за помош. За среќа, во момент во куќата влегол нејзиниот брат па насилникот се дал во бегство.

Полицијата трага по монструмот од Струмица.

ФОТО: Вечер

најчитано сега