Го раниле а не му украле ништо - скопски сопственик на златара заврши во болница

Вчера во 8 часот на улицата „Покриена Чаршија“ бр.55 во Скопје, во златарата „Љама“, две непознати и маскирани лица со фантомки на главите, од кои едното вооружено со пиштол, а другото со гумена палка, се обиделе да го ограбат соптвеникот на златарницата, 40-годишниот Р.В. од Скопје.

Разбојниците влегле во златарата и едното од нив го удрило Р.В. со палката во пределот на главата, а другото со пиштолот испукало неколку куршуми кон него, при што го погодило во пределот на десното рамо, левата натколеница и стомакот. По настанот лицата не одземајќи ништо се дале во бегство.

Р.В. е пренесен во болницата Св.Наум Охридски“, каде му се утврдени тешки телесни повреди.

Полицијата работи на расветлување на случајот.

 

 

најчитано сега