Германски инвеститори заинтересирани за Росоман

Германски инвеститори се заинтересирани за отворање капацитет за производство на апарати за домаќинство во халата на поранешната фабрика за конзервирана храна во Росоман, информираат од општина Росоман.

При денешната посета на Росоман германските инвеститори, придружувани од министерот за странски инвестиции Бил Павлески, ги разгледувале можностите за инвестирање.

- Заинтересирани се за помалиот дел од поранешната фабрика за конзервирана храна,   за халата  од 3.000 квадратни метри, каде  би произведувале апарати за домаќинство. Би вработиле неколку стотици работници,  изјави Ѓорѓи Крстевски,  портпарол на општина Росоман.

Поголемиот дел од поранешната фабрика, посочи,  е веќе продаден на скопска фирма. - Таа  ќе преработува земјоделски производи, веќе ја вклучи електричната енeргија и ги ангажира првите работници, а официјално стартува со работа најверојатно од септември, информира Крстевски.

Росоманско, оцени општинскиот портпарол, станува актуелно за инвестирање со оглед на местоположбата, сообраќајната поврзаност и многу други предности кои ги нуди за инвеститорите.

 
 
28.06.2016 - 11:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега