Од 5 до 10 илјади долари отштета за секој прелажан сопственик на Фолксваген

Германската компанија Фолксваген постигна договор за исплата на 14,7 милијарди долари отштета за сопственици на автомобили во САД откако призна дека користеле софтвер за лажирање на контролата на издувни гасови.

Според извор запознаен со случајот, секој сопственик ќе добие по околу 10.000 долари отштета. Десет милијарди долари се за поправка или откуп на околу 475 илјади автомобили како и за дополнително обештетување меѓу 5.000 и 10.000 долари за секој сопственик.

Договорот предвидува и уплата на 2,7 милијарди долари во фондови за заштита на животна средина и уште две милијарди за истражување зелена технологија.

Официјалната одлука треба денеска да биде соопштена, а пред тоа договорот мора да го одобри судија. Сопствениците може да ја одбијат понудата на Фолксваген и приватно да ја тужат компанијата.

 

 

 
 
28.06.2016 - 12:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега