Бесплатни технички проекти за фарми

На сточарите кои сакаат да изградат нови фарми или да ги прилагодат старите според европските стандарди ќе им бидат понудени готови технички проекти. Типските фарми ќе се однесуваат за одреден број животни.

За прилогодување на македонското земјоделство и  за производство на храна според стандардите на Европската Унија во тек е изготвувањето на документација  за типски мини фарми.

Сточарите ќе имаат на располагање бесплатни технички проекти со целосни пресметки за формата и изгледот на идната или за реконструкција на сегашната фарма.

Пресметките се однесуваат за капацитетите од 10 и од 20 маторици, за 30 до 50 грла говеда и за 10, 20 и  30 молзни крави.

За ситниот добиток се предвидени објекти за 100 и за 300 овци или кози.

Целта е да се подобрат приходите на одгледувачите и снабдувањето на пазарот со месо и млеко и да се применат стандардите на Европската Унија.

 
 
29.06.2016 - 11:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега