Вељаноски изрази сочуство за трагедијата во Турција

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски денеска испрати писмо за сочувство до Исмаил Караман, претседател на Големото Национално Собрание на Турција.

- Со длабоко жалење ја примив веста за големата трагедија што се случи по безумните терористички напади во кои животот го загубија голем број невини луѓе на аеродромот во Истанбул, Република Турција. Дозволете ми од името на пратениците во Собранието и од мое лично име да упатам изрази на длабоко сочувство до Вас и до семејствата на невино загинатите од овој грозоморен чин. Искрено се надевам дека ќе најдете сила и волја да се надмине болката предизвикана од загубените животи. Примете ги уште еднаш, Екселенцијо, изразите на мое длабоко сочувство, стои во телеграмата со сочувство. 

 
 
29.06.2016 - 15:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега