УКИМ загрижен за влијанието на новите универзитети врз постојните

Сенатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на денешната седница изразил загриженост за влијанието на, како што посочуваат, експанзијата на новоформираните државни универзитети врз функционирањето на постојните универзитети.

- Во тој контекст Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје им обрнува внимание на надлежните институции во Република Македонија дека универзитетите веќе повеќе години се судираат со сериозни проблеми, како необезбедување научен подмладок (ниту на местото на заминатите во пензија, согласно потребите за нормално функционирање), минимални средства за научноистражувачка работа, отсуство на материјални трошоци за изведување на наставата, неформирање на Советот за финансирање на високото образование, со сите последици што тоа ги предизвикува..., се вели во денешното соопштение од УКИМ.

Универзитетскиот Сенат очекува дека укажувањата од академската заедница ќе бидат земени предвид со сета сериозност при сите понатамошни активности и планирања поврзани со ова значајно прашање кое е од суштински  интерес за Република Македонија.

 
 
29.06.2016 - 15:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега