Одбиена жалбата на градоначалникот Талевски

Апелацискиот суд го потврди решението на Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 - Скопје за изрекување на мерката куќен притвор за градоначалникот на Општина Битола Владимир Талевски, соопшти Основниот суд Скопје 1 - Скопје.

- Апелацискиот суд Скопје до Основен суд Скопје 1 – Скопје ја достави одлуката за осомничениот В.Т. кој е опфатен во предметот на СЈО во јавноста познат како „Транспортер“ со која се потврдува решението на Кривичниот совет на Основен суд Скопје 1 - Скопје, а со тоа мерката куќен притвор останува за истиот, се наведува во соопштението обајвено попладнево на веб страницата на овој Основен суд. 

 
 
29.06.2016 - 18:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега