Денеска сонце - потоа силно невреме

Денеска е четврток, 30 јуни 2016 година, 182-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 184 дена. 

Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 1 минута, а ќе зајде во 20 часот и 13 минути.

Денов трае 15 часа и 12 минути.

Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее во 1 часот и 51 минута, а ќе зајде во 15 часот и 44 минути.

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала облачност. 

Утринската температура ќе се движи од 10 до 18, а дневната од 28 до 36 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала облачност. Утринската температура до 16, дневната ќе достигне до 35 степени.

Во петок и во деновите од викендот ќе биде уште потопло, а во попладневните часови ќе има појава на нестабилност со локален пороен дожд и грмежи.

 
 
30.06.2016 - 07:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега