Завршува проектот за реконструкција на мостовите на Коридорт 10

На местото викано Кула на автопатот Велес - Катланово денеска ќе биде одбележано завршувањето на проектот за реконструкција на мостовите на Коридорот 10.

На настанот најавено е присуство на министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и на претставници на НАТО.

Проектот се реализираше во соработка со НАТО Алијансата, а беа реконструирани вкупно 64 мостови на Коридор 10.

Проектот се работеше во три фази. Првата фаза од Катланово до Велес и Скопје - Блаце, втората Демир Капија - Гевгелија и третата фаза од Велес до Катланово.

 
 
30.06.2016 - 08:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега