Конференција „Europe, my country“

Национална конференција од проектот „Europe, my country“, организирана од Младинскиот сојуз – Крушево, а поддржана од Програмата на Европската Унија „Europe for Citizens“ ќе се одржи денеска во ЕУ Инфо Центарот во Скопје.

На конференцијата ќе се дискутира за резултатите од истражувањето кое во рамки на проектот го спроведе Младинскиот сојуз – Крушево, а се однесува на граѓанската оцена на работата на сите 123 претставници во Парламентот за Република Македонија.

На една од сесиите ќе учествуваат и Кристине Д. Алтхаузер, амбасадорката на Сојузна Република Германија во Македонија, која што ќе говори за моменталните случувања во Европска Унија со Brexit. 

 
 
30.06.2016 - 08:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега