СПУКИМ: Студентите да излезат и да го искажат своето демократско право за избор на студентски лидер

Студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска бираат нов лидер на Студенскиот парламент.

Изборите започнаа во 9 часот на сите 23 факултети, а се очекува да завршат во 16 часот.

Студенскиот парламент при УКИМ информира дека до 11:30 часот изборите поминале во најдобар ред и оти не е регистриран никаков посериозен инцидент.

– Апелираме до сите студенти да излезат и да го искажат своето демократско право за избор на студентски лидер, со тоа што ќе се однесуваат согласно сите демократски начела. Исто така апелираме да не се повикува на насилство и рушење на демократските процеси, бидејќи секое попречување право на сопствен избор е казниво со закон, се наведува во соопштението од Студенскиот парламент при УКИМ.

 

 
 
30.06.2016 - 12:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега