Васка Бојаџи: Секој да го даде својот глас во атмосфера која прилега на реномираната академска заедница

Васка Бојаџи, студентски правобранител, денеска го оствари своето право на глас на тековните избори за нов претседател на студентскиот парламент при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

-Правото на глас претставува право коешто е загарантирано со статутот на универзитетот и со статутот на студенскиот парламент. Секој обид за оневозможување на студентите да го реализираат ова нивно законско и статутарно право треба да биде елиминиран. Истото го осудувам и сметам дека треба да се прекине во понатамошниот тек на денот. Секој има право како студент на овој универзитет да одлучи за себе дали ќе го оствари своето право на глас или не, но таа одлука не може никој да ја донесе ниту во мое ниту во име на кој било друг студент, истакна Бојаџи, додавајќи дека како студентски правобранител се залага за правата на студентите и смета дека истиот пристап и начин на размислување треба да биде својствен за секој друг член на академската заедница.

Таа ги покани сите колеги, студенти на универзитетот, во една мирна и пријатна атмосфера да го остварат своето право на глас, во атмосфера којашто прилега на реномираната академска заедница.

 
 
30.06.2016 - 13:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега