Спировски со „директ“ кон платениците на Сорос и СДСМ: „Ти си од МОФ, добро знаеш што се високи хонорари

Претседателот во заминување на Студентскиот парламент Кирил Спировски денес им одговори на добро познатите платеници на Сорос и СДСМ кои зависно од потребите на моментот се организираат во пленуми, револуции и се што ќе побара центарот кој ги плаќа.

Денес тие имаа задолженија да го попречуваат гласањето на студентските избори и да испровоцираат инцидент, а прекинаа и неколку изјави за медиуми на членови на раководството на Студентскиот парламент.

Во една таква прилика, Спировски на активистка на МОФ, невладина финансирана од СОРОС и во служба на СДСМ, и рече: „Ти си од МОФ, добро знаеш што се високи хонорари“. Тоа очекувано не им се допадна неа и на нејзините колеги кои се обидоа со циничен аплауз да ја исмејат изјавата на Спировски.

Неодамна во јавноста се појавија конкретни бројки за милионските хонорари кои се исплаќани во платеничката мрежа на Сорос и СДСМ. Ниту еден од луѓето кои беа обвинети дека се плаќани од Сорос и СДСМ не ја негираше висината на хонорарите кои беа објавени.

 
 
30.06.2016 - 16:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега