ВИКЕНД ПРОГНОЗА: Нов пресврт со времето

Денеска е петок, 1 јули 2016 година, 183-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 183 дена. 

Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 1 минута, а ќе зајде во 20 часот и 13 минути.

Денов трае 15 часа и 12 минути.

Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее во 2 часот и 32 минути, а ќе зајде во 16 часот и 54 минути.

Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево и топло, попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 30 до 38 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево, а попладне ќе има услови за локален краткотраен дожд.

Утринската температура ќе достигне до 18, а дневната до 36 степени.

За време на викендот во претпладневните часови ќе биде сончево и топло, а попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Во почетокот на наредната недела времето ќе биде стабилно со благ пад на температурата.

 
 
01.07.2016 - 07:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега