Директорите на Мајкрософт на самит во Македонија

Годинава во Охрид ќе се одржи Глобалниот инвестициски самит во организација на „Македонија 2025“ каде покрај бројните бизнисмени учество ќе земат и некои од најистакнатите имиња од светската бизнис елита меѓу кои и директорите на Мајкрософт.

На самитот учество ќе земат  Сенди Ог – еден од главните партнери во Блекстоун, Крис Галвин - поранешен прв човек на Моторола, Златко Тодорчевски – главен финансиски директор во Брамблс, Ален Мидлтон – извршен директор на Шулих школата за бизниси Џон Кол од Бомбардиер.

- „Очекувам поголема вклученост на македонските компании на овој самит, да присуствуваат на Самитот и да ги разменат искуствата и знаењата со сите учесници. Тоа е особено важно за работењето на македонките компании, за да може да се зголеми конкурентноста и иновативноста. Само на тој начин може да се обезбеди побрз економски развој“, изјави Милчо Јорданов, членот на бородот на директори на Македонија 2025.

„Малите компании се основата на економијата, но големите странски инвестиции се носители на новите знаења и технологии. Нашата цел е да ги промовираме индустриите како информациски технологии, производство на органска храна, енергија и природни ресурси, инфраструктура, текстил и други конкурентни сектори“, рече Кутановски, кој исто така е член на Бордот на директори.

 

 

најчитано сега