Министерот Попоски приреди ифтарска вечера за дипломатскиот кор

 

Вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски, по повод муслиманскиот верски празник Рамазан, приреди ифтарска вечера за дипломатскиот кор.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи, Попоски честитајќи го празникот, во своето обраќање истакнал дека Република Македонија како мултикултурно и мултирелигиско општество, ги негува вредностите на сите вери врз основа на меѓусебно почитување и разбирање.

- Рамазан не потсетува на нашата заедничка одговорност да се однесуваме кон другите како што сакаме тие да се однесуваат кон нас, како и на основните принципи кои ги поврзуваат луѓето од различни вери: копнеж за мир, правда и еднаквост, посочил Попоски.

 
 
02.07.2016 - 19:27
Фото: 
MIA

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега