Силен дожд и град во Скопје: Еве каде наврна најмногу дожд

Силно невреме го зафати Скопје и другите градови во Македонија. Скршени гранки, дрвја и застој во сообраќајот е сликата што можеше да се види речиси секаде.

Најмногу дожд наврна во Берово и тоа 26 литр,  10 во Пожар, 6 Скопје З. Рид, 2 Маврово, 1 Скопје Петровец, Гевгелија, Тетово.

Претпладне беше сончево и топло со мала до умерена облачност. Час до два предпладне најпрвин нестабилно беше во Малешевијата а потоа и во Кривопаланечко. Од пладневните часови на повеќе места на истокот и северот имаше појава на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Невреме е забележано попладне во дел од Скопската котлина. Во Скопската котлина оваа нестабилност беше во форма на невреме и на З. Рид забележана е и појава на град заедно со ветер кој достигнуваше и повеќе од 70 километри на час. Процесите доцна попладне беа почести во источните делови и северните делови од земјата, а кон крајот на денот тие се преместуваат кон југ и југозапад.

Нестабилноста ќе се преместува и кон јужните делови каде что ќе се задржи најдоцна. Генерално во вечерните часови ќе дојде до смирување. Преку ноќта облачноста ќе се намалува.

 

 

 
 
02.07.2016 - 19:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега