Хумана акција по повод Рамазан Бајрам

 

По повод верскиот празник Рамазан Бајрам, денеска Црвениот крст на Град Скопје ќе подели 80 пакети со храна и средства за хигиена во Дневниот центар за стари лица во општина Сарај. 

Оваа активност е во рамки на социјалниот сервис „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“, кој е поддржан од Град Скопје, компанијата „Даути“, Австрискиот Црвен крст и ЕВН Македонија.

 

На настанот ќе присуствуваат генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија Саит Саити, секретарот на Црвениот крст на Град Скопје Сузана Тунева-Пауновска, претседателството на Здружението на пензионери на општина Сарај и претставници на компанијата „Даути“.

 
 
04.07.2016 - 08:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега