Горештините го направија своето: Ѕвонат телефоните на „Ало Докторе"

Во текот на изминатата недела, од 27 јуни до 3 јули, на телефонската линија „Ало докторе!“ имало 1.218 повици за медицински совет.

Како што информира ЈЗУ Здравствен дом Скопје, од 15 септември 2014 кога почна да работи, на телефонската линија „Ако докторе!“ (02/15 123) имало  вкупно 100.952 повици.

Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето.

- Достапни за медицински совет се 25 доктори. Повиците се од граѓани од сите градови на Македонија. Јавувањата се за широк спектар на најразлична симптоматологија, најчесто за покачен крвен притисок, главоболки, настинки, алергиски реакции и симптомна болка. На сите лица кои побараа медицински совет на телефонската линија „Ало докторе!“ им е дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија, соопшти ЈЗУ Здравствен дом Скопје. 

 
 
04.07.2016 - 09:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега