Поројни дождови ќе го зафатат Скопје

Утре во вечерните часови, како и во среда попладне и во текот на ноќта кон четврток ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Температурите ќе бидат во благо опаѓање.

Времето денеска пак, ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во Пелагонија засилен северен ветер, каде што повремено ќе достигнува брзина околу 70км/ч.

Минималните температури ќе бидат од 14 до 21, а максималните до 35 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен северен ветер. Температурата ќе достигне до 33 степени.

 
 
04.07.2016 - 12:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега