Од идната година железничка станица во Скопје во ново руво

Скопје ќе добие нова реновирана железничка станица по повеќе од цели 30 години, откако старата железничка станица се урна во катастрофалниот земјотрес кој се случи на овој ден пред редесетина години.

Реконструкцијата ќе го опфати ентериерното уредување на станицата, со подигнување на нивото на перонската платформа, поставување на нови лифтови, реновирање на чекалните, поставување на нови информативни табли и модерни пристапи за инвалидизираните лица, како што информираше денеска министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

- Проектот го правевме со здружението Полио плус и им излеговме во пресрет за сите нивни барања. Ќе има пристапни рампи, платформата ќе се крева повисоко, ќе има нови огласни табли, ке се менуваат ескалаторите и ке има нови лифтови. Значи целосно ентериерно уредување, вели Јанакиески за МИА.

Се работи за инвестиција вредна 2,5 милиони евра од кои 85 проценти се обезбедени од ИПА фондовите, а 15 проценти од домашно финансирање. Тендерот за избор на градежна компанија трае до 3 септември, а од ресорното Министерство очекуваат изборот на да заврШи најдоцна до почетокот на следната година.

Оваа железничка станица минатата година опслужила 653.868 патници, а во 2011 година 947.119 патници.

ФОТО: Дневник