Кавадарчани два дена без вода за пиење

Голем дефект на водоводна цевка фи 150 ги остави два дена без вода за пиење кавадарчани кои живеат во високата зона на градот, запад, жителите на селата Шивец и Возарци, како и комбинатот „Фени”.

- Се работи за многу голем дефект и ние со сите расположливи сили правиме напори да го доведеме водоснабдувањето на кавадарчани од тој дел на градот во нормален ред најбрзо што можеме,велат од работната единица за водовод и канализација при Јавното претпријатие „Комуналец” од Кавадарци.

Од територијалната противпожарна единица од градот во текот на вчерашниот ден испратиле две цистерни со вода за жителите на Шивец и Возарци, а најавија дека се спремни на такво нешто и денес доколку има потреба од тоа.

најчитано сега