Меморандум за соработка меѓу ССК и Фондот за иновации

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) и Фондот за иновации денеска ќе потпишат меморандум за соработка.

Претходно, двете институции ќе ги соопштат тековните и идните активности за подобро искористување на средствата од Фондот од страна на компаниите. 

Претседателката на ССК Данела Арсовска и директорката на Фондот Јасмина Поповска ќе одржат и прес-конференција на тема „Со воведување иновативни решенија до поуспешно водење бизнис“. 

 
 
06.07.2016 - 08:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега