Нови грантови од „Цивика мобилитас“

Програмата за поддршка на граѓанското општество „Цивика Мобилитас“ денеска ќе ги промовира новите грантови.

Договорите за грантовите ќе ги врачи амбасадорката на Швајцарија Сибил Сутер Тејада.

За поддршка на граѓанските организации се наменети 15 акциски грантови со вкупен буџет од над 27 милиони денари. Планираните активности ќе бидат насочени во повеќе сектори: антикорупција, владеење на правото, родови прашања, медиуми, животна средина, култура, спортот,.... Грантовите од оваа категорија ќе ги добијат организации од скопскиот, полошкиот и југоисточниот регион.

Ќе бидат промовирани и шест мали акциски грантови во чиј фокус се потребата од дебата, дилемите и условите во општеството. 

Новата поддршката за граѓанските организации преку „Цивика Мобилитас“ почна во октомври 2014 и ќе трае до септември 2018 година. Буџетот на програмата е околу осум милиони швајцарски франци.

 
 
06.07.2016 - 08:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега