Караванот „Македонија вработува 2“ во Куманово

Граѓаните на Куманово, денеска имаа можност да го посетат штандот на проектот „Македонија вработува 2“, поставен пред платото на Цeнтарот за култура и директно да се информираат за поволностите кои ги нуди овој проект. Денеска, од Куманово стратуваше карванот „Македонија вработува 2“, а пред пошироката јавност го промовираа министерот за труд и социјална политка Диме Спасов и директорот на АВРМ, Влатко Поповски.
 
Министерот информираше дека  пред само неколку дена започна со реализацијја проектот „Македонија вработува“, за кој нагласи дека бил прифатен од пошироката јавност, од социјалните партнерти, од репрезентаитвните синдикати од организациите на работодавачи, од експертската јавност и најбитно и од приватнииот сектор кој ги користеше бенефитите кои што ги нуди прокетот „Македонија вработува 2“.
 
-За нас од особена важност е доближувањето на условите, начинот на аплицирање, критериумите, групите на невработени лица кои ги опфаќа проектот „Македонија вработува 2“ да ги доближиме до што е можно повеќе граѓани, што е можно повеќе компании.Токму заради тоа од денес, започнува караванот „Македонија вработува 2“, токму од тука од Куманово. Во наредните три месеци ќе продолжиме со посета на сите општини во РМ на голем број населени места, така ќе продолжиме со дирекна непосердна комуникација и презентација на мерките, поволностите, можностите, бенефитите  кои што ги нуди проектот „Македонија вработува 2„ до граѓаните на РМ, меѓутоа пред се, до приватните компании со директни средби со граѓаните, изјави Спасов.
 
Тој им честиташе на раководството на Агенцијата за вработување за посветеноста во изминатиот период во презентација на овој проект и во нудење на можностите кои ги нуди државата за отворање нови работни места во Македонија/
 
-Колку повеќе ги доближиме можностите кои ги нуди проектот, толку поголем број на работни места ќе се отворат, толку на повеќе луѓе ќе помогнеме идниот период и затоа ги повикувам сите приватни компании да ги искоритата поволностите и можностите кои ги нуди проектот „Македонија вработува 2“, додаде Спасов.
 
Во изминатиот период, наведе министерот, реализирал бројни посети во приватните компании во Куманово и во останатите општини од државата, и нагласи дека проектот „Македонија вработува“ помогнал на над 480 приватни компании да го зголемат бројот на нови работни места. Во Куманово, подвлече само за една година отворени се нови 911 работни места преку проектот „Македонија вработува 1“ и оттука, смета дека и понатаму проектот ќе продолжи да им помага на компаниите од Куманово, но, пред се на невработените кои што бараат работа, побргу да стигнат до посакуваното работно место.
 
Одговарајќи на новинарско прашање дали има информации дека одредени сопственици ги злоупотребуваат овие мерки и дека по одредено време по завршувањето на субвенционирањето ги отпуштаат вработените,министерот Спасов нагласи дека се следи реализацијата на проектот.
 
-Самиот проект нуди големи бенефити за компаниите, во самиот проект предвидени се заштитни механизми  за постоечките вработени во компаниите, односно проектот не може да го користи компанија која што  го намалила бројот на вработени изминатиот период,тоа е законски уредено, оттука  не може некој да отпушти вработени, па потоа истите да ги вработи преку мерките. Исто така, проектот не може да го користи некоја компанија која што не плаќа редовно даноци, плати и социјални придонеси  за своите вработени. Во секој случај, ако некоја компанија ги искористи мерките и поволностите, а ги исполнува условите за да ги искористи, предвидени се заштитини механизми, доколку го намали бројот на вработени или доколку го отпушти вработеното лице преку проектот, односно должна е Агенцијата за вработување, УЈП ги наплатува придонесите кои дотогаш биле ослободени, откако ќе се утврди одредена манипулација или пак злоупотреба на можностите кои што ги нуди проектот, изјави Спасов.
 
Директорот на АВРМ,Влатко Поповски,нагласи дека проектот кој стратуваше веќе е во во оперативна фаза, секоја компанија која што има можности да вработува може веќе да го отпочне со реализација, бидејќи, додаде, системот на АВРМ е подготвен.
 
-За почеток, само треба да поседуваат потврда од УЈП за платени даноци, придонеси и јавни давачки и веднаш истиот момент може да се реализира самото вработување. Нашиот систем е веќе подготвен така што секоја компанија која што има потреба да вработува може да го отпочне сето тоа. Мора да нагласам дека пресечниот датум е 12 –ти мај  2016, кој што го земаме бројот на вработени кои што се во таа компанија, рече Поповски.
 
Тој објасни дека  „Македонија Вработува“ може да се комбинира со неколку други мерки на АВРМ , мерката практиканство, каде што три месеци работодавачите може да ги проверат своите млади работници и да одлучат дали ќе ги вработат и потоа да го искористат „Македонија вработува„ или пак преку мерката обука за кај познат работодавач каде што низ период од три месеци се обучуваат работниците и потоа на крајот на третиот месец треба најмалку 50 проценти од обучуваните да бидат вработени.
 
- Се со цел да ја намалиме невработеноста, да им помогнеме на нашите граѓани да видат дека и во Македонија има можности за живеење. Додека за оние кои што допрва отвараат фирми и сакаат да  самовработат исто така важи проектот „Македонија Вработува“ ќе можат да го искористат од три  до пет години зависно од нивната старост, додаде  Поповски.
 
Раководителот на Центарот за вработување Куманово, Милорад Тренчевски, информираше дека проектот „Македонија вработува„ придонел за  намалување на невработеноста во општина Куманово. Инаку, според него, бројката на активни баратели на работа евидентирани во Центарот се 10.010 активни баратели на пазарот на трудот и 8. 992 лица кои пасивно бараат вработување .
 
-Успепшноста на проектот „Македонија вработува 1“ ми дава надеж и оптимизам дека и овој проект ќе биде успешен како и првиот проект, така што мислам дека ќе даде свој придоенс во намалување на невработеноста во Куманово, изјави Тренчевски.
 
 
06.07.2016 - 12:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега