Средба на вицепремиерот Адеми со словачкиот амбасадор Безак

 Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања Арбр Адеми денеска се сретна со амбасадорот на Република Словачка во Македонија Мартин Безак.

Вицепремиерот, како што се наведува во соопштението на СЕП, на средбата упатил честитки за преземањето на претседателството со Советот на ЕУ од страна на Словачка и посакал успешно спроведување на програмата. Адеми, исто така, изразил и очекување дека поддршката на Словачка за евро-атлантската интеграција на Македонија, билатерално и во рамките на Вишеградската група, ќе биде потврдена и за време на претседателството, како и на претстојниот самит на НАТО во Варшава. 

На средбата било разговарано за евро-атланстката перспектива на земјата, како и за актуелната политичка состојба, при што било истакнато дека главниот фокус на сите чинители треба да биде посветување на разрешувањето на политичките предизвици, но и интензивното спроведување на Итните реформски приоритети. 

Како што соопшти СЕП, вицепремиерот Адеми, меѓу другото, изразил надеж за продолжување и продлабочување на соработка меѓу двете земји, со оглед на високиот приоритет на агендата на словачкото претседателство за продолжување на политиката на проширување независно од настаните во Унијата.

 
 
07.07.2016 - 17:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега