Тодоров: Медиумите да не бидат предмет на злоупотреба и цензура

За ВМРО-ДПМНЕ не е спорно и не е проблематично да се прифати барањето на СДСМ кое е непотребно, да се обележат тие 170-тина илјади гласачи со ѕвездичка како лица што се во дијаспора и за овие 39.502, како што утврди Државната изборна комисија да бидат објавени, а кои од нив нема да се јави на проверката да не биде вклучен во избирачкиот список.

Ова го истакна Никола Тодоров, претставникот на ВМРО-ДПМНЕ по денешната средба во резиденцијата на Европската унија во Пржино, на која главни теми биле прочистувањето на избирачкиот список и реформите во медиумите.

-Во делот на медиумите, ВМРО-ДПМНЕ се залага, ниту медиум, ниту новинар да може да биде казнет за искажано мислење или за направен прилог и мислам дека е тоа многу фер и демократска позиција која ја застапуваме, да не можат медиумите да бидат предмет на злоупотреба од било која страна, ниту пак предмет на цензура. Формирањето на едно централно цензорско тело кое ќе одлучува дали некој прилог е во ред или не, за нас е неприфатливо, додаде Тодоров.

 

 
 
07.07.2016 - 17:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега