И по 7 години на власт расте рејтингот на Груевски

Речи си половина од граѓаните на Македонија повторно би го избрале премиерот Груевски за да ја вои државата. Вакви се резултатите од последната анкета направена за потребите на Институтот Димитрија Чуповски. И по 7 години владеење, Груевски го зголемува рејтингот. За експертите, причина за тоа е добрата комуникација со граѓаните.
 „Резултатите се очекувани и реални, пред с`, поради тоа што партијата на власт продолжи да работи во постизборниот период. Второ, Груевски веќе во континуитет покажува строго ригиден однос кон сопствените функционери, кои ќе се огрешат и тоа е нешто што граѓаните го ценат. Трето, тука се роуд-шоута што ги прави во овој период, покажува пред граѓаните дека се труди да донесе инвестиции во државата. Четврто, не му се одразува негативно и неуспехот во евроинтеграциите бидејќи блокадата е очигледно повеќе внатреевропски проблем отколку наш. Всушност, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ водат правилна политичка и општествена комуникација - коментираза Дневник, Лилјана Силјановска професор по политичка комуникација.

Според политчките аналитичари, растот на рејтингот на Груевски се должи на фактот дека граѓаните во него гледаат најголем заштитник на македонските интереси

 Доколку се анализираат резултатите од анкетата од аспект на рејтингот на Груевски, фактот дека и покрај седумгодишното владеење, неговиот рејтинг е во пораст, укажува на тоа дека македонското население го перципира како најсилен заштитник на македонскиот идентитет и на интересите како стожер на силна внатрешна и заштитничка надворешна политика, особено во моменти кога може да се почувствува консолидирање на интересите на СДСМ, албанското малцинство и на грчките интереси на сметка на македонските национални интереси - вели за Дневник Ивана Атанасовска, магистер по политички науки.

Истиот став го дели и аналитчарот Даут Даути

- Очигледно народот е опиен од работите што ги прави и од програмата што ја нуди независно што се работи за постизборен период или за долго време владеење. Од друга страна, с` уште сме во фаза кога новото раководство на СДСМ не е застанато на нозе, па рано е да се види дали ќе понуди нешто ново и нешто конкретно. Заев допрва треба да се докажува и да понуди политики, кои граѓаните би ги оценувале. Главно поддршката на Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ и по толку години на власт е поради тоа што граѓаните, особено Македонците, с` уште ги доживуваат како власт што се грижи за државните интереси, особено во контекст на спорот за името - вели Даути за Дневник

26.07.2013 - 23:36

најчитано сега