„Да инвестираме во тинејџерките“

Во рамки на одбележувањето на 11 јули Светскиот ден на населението - 2016, во организација на канцеларијата на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) во Скопје денеска ќе се одржи панел дебата насловена „Да инвестираме во тинејџерките“. 

Основна идеја на дебатата е да се подигне свеста во јавноста, како и да се отвори дискусија со сите засегнати страни на национално ниво во однос на потребата од инвестирање во тинејџерките. 

На панел дебатата ќе учествуваат говорници од државните институции во Македонија, претставници на ОН, а поканети се и претставници на невладиниот и академскиот сектор и на меѓународни организации.

 
 
08.07.2016 - 08:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега